„Луѓето во Газа гинат во ракетни напади, а ќе има многу мртви и поради хуманитарната катастрофа“, нагласуваат од УНРВА
Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) предупредува дека ќе има уште многу смртни случаи во Газа поради блокадата на Израел врз палестинската територија.
Препорачано
„Луѓето во Газа веќе гинат во ракетни напади, а наскоро, многу повеќе ќе умрат од последиците на опсадата“, изјави Филип Лазарини, генерален комесар на УНРВА.
Храна, вода и лекови се во недостиг, рече тој, а патиштата во Газа се преплавени со канализација, и ја оквалификува ситуацијата како , „човечка трагедија“ и „пекол на земјата“.
Ситуацијата во Газа веќе беше лоша пред почетокот на војната, со околу 1,3 милиони луѓе зависни од хуманитарна помош. Речиси половина од 2,2 милиони жители на Газа се деца.
Работите се влошија за цивилите по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
„Што треба повеќе да се поддржи? Пекари? Опрема за одржување живот во болниците? Постројки за вода? На сите им треба гориво за да функционираат“, рече Лазарини.
Тој рече дека помошта од неколку десетици камиони кои досега пристигнале во Газа го одвлекува вниманието од вистинските проблеми. „Овие неколку камиони не се ништо повеќе од трошки што нема да направат разлика за 2 милиони луѓе“.


