Луѓето во 18-ти век спиеле два пати во текот на ноќта: Периодот помеѓу првиот и вториот сон бил посебен!

Замислете да живеете во 18 век и во 20:30 часот веќе сте легнати во кревет. Спиете неколку часа, а потоа се будите во 02:30 часот, се облекувате и заминувате на прошетка или се молите или се дружите со соседите бидејќи во ова време не спие никој.

Во тоа време луѓето спиеле два пати во текот на ноќта, станувале неколку пати сред ноќ, а пото до зорите повторно се враќале во кревет.

Овој ритам на спиење прв пат го открил професорот по историја на Универзитетот во Вирџинија.

Неговото истражување утврдило дека луѓето спиеле во интервали – прво имале 3 до 4 часа сон, а потоа 2 до 3 часа биле будни, па повторно продолжувале со спиење до утрото.

Тоа било стандарден, прифатен начин на спиење.

Постојат документи од еден лекар кој тврди дека најдобро време за размислување е помеѓу „првиот сон и вториот сон“.

Исто така, поединечни истражувања сведочат за тоа дека најмногу деца се зачнале токму после првиот сон.

Што правеле луѓето помеѓу двата сонови?

Како што е докажано, едните воделе љубов, другите пушеле цигари и разговарале со личностите со кои ја делеле постелата, трети читале книги, четврти се молеле (постоела дури и „молитва за помеѓу два сонови“), додека некои биле активни и ги посетувале соседите.

Овој двократен модел на спиење завршил со појавата на струја. Луѓето тогаш можеле да се дружат и во „доцните часови“, па периодот на спиење бил скратен и претворен во 8-часовен сон наместо два сонови и пауза.

Инспирирани од ова откритие, научниците направиле испитување на 15 мажи на кои им била „ускратена светлината“, па тие легнувале порано, но исто така се буделе во сред ноќ за да може изутрина пак да спијат.

Периодот помеѓу двата сона често го нарекувале најсмирениот период во нивниот живот, нешто како медитативна состојба. Никој од нив не се оптеретувал поради будењето, бидејќи се чувствувале совршено смирени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот