Фото: Блекбурн Роверс

Лудница во Англија: Лидерот има повеќе порази од фенерџијата!

Како што стојат работите во англискиот Чемпионшип, второ по ранг натпреварување во Англија не чека и тоа како интересна сезона. Ситуација каква што има во овој момент таму, не се памети.

Имено, фудбалерите на Блекбурн во 16. коло го победија Сандерленд и така останаа на првото место на табелата. Сандерленд на теренот беше подобриот ривал, меѓутоа не ги реализираше шансите, па Блекбурн преку Беретон Дијаз и Вартон дојде до победата. Тој триумф за Блекбурн беше деветти во сезоната.

На врвот Блекбурн ист број на бодови со Квинс Парк Ренџерс. Ниту еден натпревар од досегашните 16 тимот на Блекбурн не одигра реми, а забележа дури седум порази.  Ковентри кој е претпоследен на табелата има помалку порази од лидерот (пет).

Единствените две екипи кои имаат повеќе пораз од Блекбурн се последниот Хадерсфилд и Хал Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот