Луда забава и во струмичкиот „Аватар“ (ВИДЕО)

Преполна дискотека, без заштитни маски, ниту дистанца, ова е сликата од вчерашната забава во струмичкиот кафе бар Аватар, каде пееше српскиот пејач Девито.

View this post on Instagram

Hvala!!! Strumica? ???

A post shared by DEVITO (@devitoanonymo) on

Од снимките се гледа дека во кафулето гостите на забавата не ги почитуваат мерките за заштита од пандемијата.

Струмичкиот Аватар не го спречи да работи ниту кривична пријава и пломба на врата.

Инаку ова не беше единствена журка викендов каде не се се почитуваа ковид-протоколите. Јавноста е револтирана од снимките кои масовно се споделуваа од познатиот скопски локал „Мош“ каде две вечери по ред се прекршуваа протоколите, како и локалот „Гнездо Кичен Бар“.

Како што дознава Слободен печат, поради континуираното прекршување на мерките, Комисијата на заразни болести утре ќе се состане со министерот за здравство Венко Филипче и ќе предложи воведување на нови рестрикции.

Поради инаетењето и лумперајките: Комисијата за заразни болести воведува рестрикции!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот