Казна заработи и „Гнездо“ поради непочитување на протоколите (ВИДЕО)

Непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, утврди Пазарниот инспекторат во локалот „Гнездо“ лоциран на улица Македонија, пренесува „А1.он“.

Освен персоналот кој е вработен, никој друг не носел заштитни маски. Ваквото однесување доаѓа во време кога два дена по ред во Македонија се бележат и по 243 новозаболени во еден ден.

– Направен е записник за непочитување на протоколи, а тоа си носи мерки по член 205 и 206 од Кривичен законик– вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Пазарните инспектори досега имаат поднесено кривични пријави против 23 угостителски објекти, на кои им имаат поднесено 25 кривични пријави.

Македонската јавност бурно реагираше откако во петокот вирално се споделуваа видеа од журката со Владо Георгиев во скопкиот локал „Мош“ на која се прекршија сите ковид-протоколи.

Ниту маски, ниту дистанца- Владо Георгиев ги забавуваше скопјани (ВИДЕО)

Сепак, иако во текот на вчерашниот ден беше најавено дека „Мош“ ќе биде затворен, локалот и вчера организираше забава на која повторно пееше Владо Георгиев.

Ниту маски, ниту дистанца- Владо Георгиев ги забавуваше скопјани (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот