Љубовниот живот на Махатма Ганди, рано ја загубил невиноста, имал голем број љубовници, бил многу потентен…

profimedia

Иако се заколнал дека нема да допре вино, месо и жена, еден проблем го мачел во текот на целито живот – сексот. 

Махатма Ганди е роден како Мохандас Карамчанд Ганди и бил најмало дете на средновечниот премиер на едно помало кнежество во западна Индија и неговата четврта жена. Освен што го краселе огромни уши и голем нос, Ганди бил повлечено и срамежливо дете кое уживало во блискоста со своите родители, особено со неговата многу религиозна мајка. Ганди во историјата ќе биде запаметен како борец за индиската независност од британскиот колонијализам и како еден од најзначајните промотори на ненасилна борба. Бил убиен од еден хинду фанатик.

Facebook

Се оженил на 13 годишна возраст, по обичајот на хинду традицијата. Психолишки важен момент се случил три години по свадбата, кога починал татко му, додека тој во соседната соба водел љубов со својата бремена сопруга. Тој сплет на околности оставил длабока трага на неговата психа, па така цел живот чувствувал сексуална вина, која постепено ја сублимирал со политичка активност.

Profimedia

На 18-годишна возраст се заколнал дека нема да допре вино, месо и жена. Заминал да студира право во Лондон. Таму поминал три важни години за формирање на неговата личност. Во Лондон имал проблеми да го задоволи својот вегетаријански апетит со британската кујна, како и да одолее на сексуалните напливи на средновечната госпоѓа која му го изнајмувала станот.

Во Јужна Африка пристигнал во 1893 година и почнал да работи како правник во една муслиманска фирма. Во својата 37 година се заколнал на целибат за да се ослободи од се што му пречело во неговата политичка и религиозна работа. Меѓутоа, еден проблем го мачел во текот на целито живот – сексот.

Според некои раскажувања, Ганди не сакал сексуално да општи со својата сопруга, додека имал духовни бракови со две Британки. Самиот Ганди пак, тврдел дека е во „духовен брак“ со внуката на големиот индиски поет Рабиндранат Тагоре.

Додека бил во Африка имал голем број на секретарки и медицински сестри кои верно му служеле. Тие го масирале, капеле, па и спиеле со него.

Facebook

Фамата за Ганди ги привлекувала жените од сите страни на светот. Многу од нив доаѓале да му служат, да му се најдат при рака. Зборувал дека младите девојки, особено девици, му се потребни за да ја одржи телесната температура во текот на ноќта. Малкумина го поставувале прашањето – зошто Ганди мора да спие гол, наместо во пижами? Ганди цело време тврдел дека се тоа чисто платонски врски, но нема докази дека тоа навистина било така.

Ганди по прашање на сексот, како и политиката, пишувал сопствени правила. Кога ќе се сумира неговиот сексуален живот со сигурност може да се каже дека во рана доба ја загубил невиноста, имал извесни фетиши, се смета дека имал голем број на љубовници, бил многу потентен…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот