Љубов во време на коронавирус: И го испратил бројот со помош на дрон, па се родила романса која го воодушеви светот!

Фото: Твитер

Станува збор за Џереми, кој забележал девојка како игра на кров од зграда покрај неговата.

Коронавирусот влијае на нашето секојдневие, а повеќе од три милијарди луѓе ширум светот се во карантин.

Но, едно момче и покрај оваа ситуација успеа да стапи во контакт со девојката која му се допаѓа, и тоа преку дрон!

Станува збор за Џереми, кој забележал девојка како игра на кров од зграда покрај неговата.

Кога таа забележала дека тој ја гледа, Џереми и мавнал со рака, а таа му возвратила.

Фото: Твитер

Тогаш тој одлучил да искористи дрон за да и го испрати својот телефонски број.

Така започнала оваа необична, романтична приказна, која Џереми ја објави на својот Твитер профил.  Подоцна, тој соопшти дека името на девојката е Тори, како и дека вечерале заедно, секако, секој на својот балкон.

– Во однос на тоа дека никој не знае колку ќе потрае оваа ситуација, можеби ова ќе биде врска на далечина, иако живееме во згради кои се наоѓаат една покрај друга – вели Џереми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот