ЛШ: Фудбалерите на Силекс негативни на Ковид-19 пред мечот во Баку!

Силекс од Кратово за две минути постигнаа два гола против Вардар/Фото: facebook.com/FkSileksKratovo

Добри вести доаѓаат од кратовскиот клуб пред летот за Азербејџан каде што ќе го одиграат натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Карабах.

Македонскиот претставник во ЛШ за оваа сезона денеска ги направи комплетните тестови за Ковид-19.

Денешните резултати покажаа дека сите фудбалери, тренерскиот персонал и раководството на тимот се негативни – информираат од клубот.

Со оглед на ситуацијата со Ковид-19, УЕФА внимателно ја следи ситуацијата во сите клубови кои настапуваат на меѓународната сцена ова лето, заразени играчи непосредно пред самиот меч може да значи и елиминација од натпреварувањата, а неодамна тоа го доживеа косовската Дрита.

Негативните тестови се одличен знак за кратовци кој својот меч против Карабах ќе го имаат во вторник (18 август) со почеток од 18.00 часот по македонско време, а 20.00 по локално во Баку.

Главен судија во оваа средба ќе биде Јарослав Козик од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот