Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

ВИДЕО | ЛШ: Драма и елиминација на Атлетико со промашен пенал во 98. минута, 70 минути за Елмас во тримуфот на Наполи

Исклучително ефикасна вечер во Лигата на шампионите е зад нас во која се постигнаа дури 18 голови.

Барселона го пречека Баерн Минхен во натпревар кој после победата на Интер немаше резултатско значење затоа што со победата на Интер претходно, Каталонците беа испратени во Лигата на Европа.

Со оглед на формата на Барселона, Баерн вечерва беше фаворит и ја оправда фаворитската улога со победа од 0:2. Два гола беа постигнати во првото полувреме, прво Садио Мане го совлада Тер Штеген во 10-тата минута, а на 0:2 зголеми Чупо Мотинг после половина час игра. За третиот гол чекавме дури во 95. минута кога погоди Павар.

Наполи продожува да игра одлично, а вечерва совладан беше Ренџерс со 3:0. После подолго време Елиф Елмас се најде во стартниот состав на Лучијано Спалети и на теренот беше до 73. минута. Набрзина два гола за Наполи во 11. и 16. минута постигна Џовани Симеоне. За 3:0 се погрижи Остагрд на десетина минути пред крајот на средбата.

Ливерпул после поразот од Нотингем Форест во Премиер лигата се врати на победите и денес го совлада Ајакс со 0:3. Салах пред крајот на првото полувреме стрелаше за 0:1. Дарвин Нуњез кој во првото полувреме имаше едно огромно промашување веднаш на стартот на второто полувреме зголемува на 0:3. Харви Елиот три минути подоцна погоди за 0:3 и овој резултат се покажа како конечен.

Елиминација во групната фаза доживеа Атлетико Мадрид откако вечерва ремизираше со Баер Леверкузен. Тимот на Диего Симеоне со вечерашните 2:2 остана на недостижни четири бода од второтопласираниот Порто. Треба да се спомене дека Атлетико длабоко во судиското продолжение не реализираше пенал, трагичар беше Јаник Караско.

Во најнеизвесната група Тотенхем ремизираше 1:1 против Спортинг. Хари Кејн во самата завршница постигна гол кој ќе значеше дека Тотенхем оди сигурно во нокаут фазата, но истиот беше поништен по реакцијата на ВАР. Во вториот натпревар Ајнтрахт го победи Марсеј со 2:1.

Интересно е што лидер во групата е Тотенхем со осум бода, Спортинг и Франкфурт имаат по седум, а Марсеј четврти со шест. Вистинска драма тука не чека во последното коло…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот