Лончар Велкова: Незадоволните купувачи треба да направат приговор, да побараат да им се вратат парите или да им бидат заменети производите

Се менува квалитетот на живеење, се ограничува движењето. Он-лајн нарачките се зголемуваат и тоа е нормално во овој период, изјави Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“.

Потрошувачите најчесто за жалат околу гаранциите на производите.

-Имавме околу 500 јавувања на потрошувачите и тука гледаме кои се најголемите проблеми. Имавме поплаки околу гаранциите и поправките на производите. Тука е работата и на туристичките агенции и ваучерите. Морам да напоменам дека туристичките ваучери можат да се искористат до 2021 година. Но некои не можат да ги искористат, како пример ги издвојувам оние што требаше да одат на екскурзија. Но кога се носат мерките, нормално е и во брзање нешто да се погреши“, рече Лончар Велкова.

Таа објасни што може да направат незадоволните купувачи.

-Незадоволните купувачи треба да направат приговор или да побараат да им се вратат парите или да им бидат заменети производите со други. Ние не можеме многу да помогнеме во вакви случаи. Граѓаните што се незадоволни од добиените производи треба да ги фотографираат и да се пожалат кај организаторот на онлајн-нарачката, бидејќи купувачот не ги добил намирниците што можеби ги планирал за да приготви ручек, останал значи без планираните производи. За секој што организира онлајн-нарачки има поставено одредени правила, кои се наведени и треба да се види дали тие се испочитувани,  вели Лончар Велкова.

Кога се работи за габаритни производи, подобро е навреме да се забележат недостатоците.

-Кога се работи за габаритни производи (машини за перење, шпорети) би препорачала, иако треба да се доплатат пари, граѓаните да ја искористат оваа можност и да побараат овие производи да им се инсталираат во домовите за веднаш да се забележат евентуалните грешки, додаде Лончар Велкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот