Лога: Уставот ја забранува смртната казна, a таа би била спас за таквите монструми

Кренан Лога / Фото МИА

Министерот за правда, Кренар Лога денеска изрази сочувство до семејствата на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски изразувајќи надеж дека извршителите на ова дело ќе ја добијат најострата казна за ова дело и правдата да излезе на виделина.

На новинарско прашање за воведување смртна казна, Лога рече дека и тој е гневен како и секој граѓанин на оваа држава и дека Уставот ја забранува смртната казна, но исто така имаме и усвоени протоколи и други конвенции, со кои се забранува смртната казна.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава, кои мислам дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат казната до крајот на својот живот, во нивната свест што имаат направено“, рече Лога.

Највисоката казна затвор што треба судот да ја изрече за ова дело е доживотна казна затвор.

-Верувам и во МВР и во обвинителството и дека на крај Судот ќе ја изрече таа казна што монструмите ја заслужуваат, рече министерот за правда кој беше на настан во училиштето во Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот