Љутков најави проект за обнова на спомен куќата на Малески, по уривањето на дел од објектот
Министерот за култура Зоран Љутков денеска во Струга рече дека Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна.
Препорачано
По посетата на локацијата, каде пред два дена при изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство, Љутков рече дека инспекциската служба на Управата за заштита на културно наследство констатирала сериозни оштетувања.
„Како министр за култура и туризам, најостро ги осудувам овие дејствија и секоје неодговорно постапување што доведува до уништување или загрозување на заштитени објекти. Културното наследство е непроценливо богатство, кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, од несовесност или од краткорочни интереси, истакна Љутков најавувајќи дека ќе следат соодветни пријави согласно законот.
Министерството за култура и туризм, нагласи, ќе ги вклучи сите надлежни институции, стручни лица и експерти за обнова на објектот, што, според него, ќе биде изведена на најпрофесионален начин и согласно сите принципи за заштита на културното наследство.
Осврнувајќи се на обвинувањата од Социјалдемократскиот сојуз дека Министерството не води грижа за културното наследство, нагласи дека сите дозволи за таа куќа и за рушење на објектот биле издадени во последните седум години, кога во Струга на власт се СДСМ и ДУИ.
ФОТО/ВИДЕО: Во Струга ја урнале куќата на Владо Малески, авторот на македонската химна


