Љубовна драма во српско село: Мигрант ја избодел својата девојка, па се обидел да избега

Српска полиција/ Фото: Профимедиа

Во српското село Кузмин утрово околу осум часот мигрант ја избодел со нож својата невенчана сопруга која веднаш била пренесена во болница. Српската полиција соопшти дека го уапсила мигрантот.

Насилникот бил во бегство, но полицијата го привела. На нападот му претходела расправија, велат очевидци и додаваат дека се се случило во пиланата каде повредената била на работа.

Како што пишуваат српските медиуми, се работи за обично мирно село во кое ретко се случуваат насилства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот