Љубовен триаголник: Градоначалникот на Бања Лука е во врска со пејачката Тања Савиќ

Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ
Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ / Фото: Скриншот, Инстаграм

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, наводно имал афера со популарната српска пејачка Тања Савиќ. Како што пишува „Нова.рс“, таа вест ја налутила неговата девојка, која престанала да го „следи“ на Инстаграм.

Станивуковиќ, пак, сè уште ја следи Тања Савиќ, а и таа го следи него. Нивната наводна афера ја разоткрила водителката Јована Јеремиќ во текот на гостувањето во една емисија. Српските медиуми ја контактирале српската пејачка за да одговори на прашањата за нејзината врска со политичарот.

– Не сакам да коментирам ништо. Не, ништо. Ниту да демантирам. Мене сето ова ми е смешно. Само без коментар, мислам дека тоа е најпаметно. Ако изјавам што било, тоа ќе биде повторно, знаете што, рекла Тања Савиќ.

На прашањето дали е или не е во врска со Драшко Станивуковиќ, српската пејачка не одговорила конкретно.

– Боже, какво прашање е тоа? Дали имам право да ја зачувам приватноста и да не морам да изнесувам некои детали за мојот приватен живот? Не морам да одам на полиграф или на не знам што. Вие пишувајте, тоа е ваша работа. Ако имате докази – почитувам. Ако немате – и тоа го почитувам. Што и да кажам, ќе се протолкува на овој или на оној начин, а секој што зборува за нечиј живот – тој зборува за себе! Значи, тоа е нејзиното мото во животот! Можам да го кажам тоа, но повторно не сакам да бидам во конфликт со никого. Рече Јована Јеремиќ и остана жива, ете, изјавила Тања Савиќ за српски „Телеграф“.

Бројни следбеници ги напишаа нејзините пораки за поддршка во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот