Љубовен пар / Фото: Pixel-shot / Alamy / Alamy / Profimedia

Љубовен тест на личноста: Одговорете на шест прашања и откријте каков партнер посакува вашата душа

Направете го овој тест на личноста и дознајте во која насока оди вашиот љубовен живот, пишува „Сенса“.

Земете пенкало и хартија, одговорете на дадените шест прашања, а потоа прочитајте ги одговорите на крајот.

1. Одите кон куќата на вашиот партнер и постојат два начина да стигнете до таму. Кој ќе го одберете?

– Првиот пат е прв пат, кој бргу ќе ве однесе до куќата, но многу е обичен и досаден.

– Вториот пат е подолг, но попатно имате прекрасни глетки. Имајте предвид дека ќе ви треба многу време да стигнете до куќата.

2. Гледате рози – бели и црвени. Какви ќе изберете за вашиот партнер?

– 20 бели рози

– 20 црвени рози

– И од двете по малку.

3. Конечно стигнувате до куќата, а вам ви отвора некој од домашните. Како ќе постапите?

– Ќе ја замолите личноста да го викне вашиот партнер.

– Сами ќе одите кај партнерот.

4. Одите нагоре по скалите и влегувате во собата на партнерот. Нема никој. Каде ќе ги оставите розите?

– До прозорецот.

– На креветот.

5. Време е за спиење. Вие и вашата сакана личност си легнувате, но во посебни простории. Како мислите дека ќе го пронајдете партнерот наутро кога ќе одите во неговата соба?

– Тој ќе биде буден.

– Се уште ќе спие.

6. Време е да си одите. Која патека ќе ја изберете сега?

– Правиот пат, оној кој бргу ќе ве однесе дома.

– Кривулестиот пат, исполнет со прекрасни глетки.

Решенија:

1. Патиштата го претставуваат вашиот став кон заљубувањето. Ако изберете прав пат – вие бргу и лесно ќе се заљубите. Ако го изберете кривулестиот пат, тогаш вам ви треба долго време и не се заљубувате лесно.

2. Црвената боја го претставува она што вие сакате да му го дадете на партнерот, а белата боја – колку очекувате од вашиот партнер во врската. Ако му подарите 99 црвени рози и 1 бела – тогаш двате 90 отсто, е очекувате само 1 отсто за возврат.

3. Ова прашање го дава одговорот за тоа како ги решавате проблемите во врската. Ако би ѝ се обратиле на личноста да го повика вашиот партнер, тогаш вие сте човек кој одбива да се соочи со проблемите. Но, ако одите сами кај партнерот, тогаш сте доста директна личност. Ако постои проблем, тогаш сакате да се соочите со него и да го решите.

4. Ова е показател колку често сакате да бидете со партнерот. Ставањето рози на креветот покажува дека ви треба голема сигурност во врската и дека би сакале секојдневно да бидете во вашата сакана личност. Ако решивте да ги оставите розите покрај прозорецот – тогаш не сакате често да се гледате со човекот со кого сте во љубовна врска.

5. Ако го начекате вашиот партнер како спие, тогаш вие го прифаќате таков каков што е. Но, ако го најдете буден – очекувате од него да се промени на одреден начин.

6. Сега кратките и долгите патишта претставуваат колку долго ќе останете заљубени. Ако изберете краток пат, лесно се заљубувате. Ако го избравте долгиот пат, тогаш имате тенденција да страдате долго време со партнерот по раскинувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот