Лизо / Фото: EPA / Instagram / lizzobeeating

Лизо откри дека ја изгубила невиноста во 30-тите: „Сакав да почекам додека не добијам Греми“

Лизо откри дека имала интини односи за првпат дури во нејзините триесетти години, со што исполнила ветување што си го дала дури пред две децении.

Пејачката, која денес има 37 години, призна дека одлучила дека нема да спие со никого додека не ја освои престижната музичка награда Греми, пишуваат странските медиуми.

– Кога бев помлада, си ветив дека нема да спијам со никого додека не добијам Греми“, откри таа во подкастот „Пријатели чуваат тајни“, изненадувајќи ги водителите Бени Бланк, Лил Дики и Кристин Баталуко.

Лизо ги освои своите први Греми награди во 2020 година, кога однесе дома дури три награди: за најдобра поп соло изведба за песната „Truth Hurts“, за најдобар урбан современ албум „Cuz I Love You“ и за најдобра традиционална Ар-ен-би изведба за песната „Jerome“. Иако не го исполнила тоа ветување истата вечер по церемонијата на доделување на наградите, тоа се случило недолго потоа.

Пред да го чека тој момент, пејачката долго време ја криеше вистината за тоа.

– Долго време лажев за тоа. Се чувствувам како камен да ми паднал од срцето – признала таа.

Таа се присети и на еден непријатен момент со своите пријатели додека студирала на Универзитетот во Хјустон.

– Една вечер само се дружевме со девојки и во еден момент некој праша: „Чекај, Лиза, дали си девица?“ Се сеќавам дека веднаш реков: „Не сум!“ Ми беше толку непријатно. Додадов: „Ги сакам момчињата…“ и таа приказна ме следеше некое време – рекла таа.

Конечно: Лизо призна дека користела Оземпик за да ги намали килограмите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот