Ливерпул со пресврт го совлада Арсенал, Жота дебитираше со гол

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Арсенал со 3:1 на „Енфилд“ во рамките на третото коло од Премиер лигата.

За англискиот шампион ова е трета победа во третиот натпревар оваа сезона, а до тиумфот стигна по пресврт бидејќи „топчиите“ први ја начнаа мрежата.

Стрелец за голот на Арсенал беше Александре Лаказет во 25. минута кој ја искористи грешката на Енди Робертсон.

Радоста на „топчиите“ траеше само 141 секунда, Мохамед Салах шутираше кон голот на Арсенал, голманот Бернд Лено ја одби топката до Садио Мане кој немаше проблеми да постигне гол.

Ливерпул во 34. минута поведе со 2:1 и тоа преку Робертсон кој се извади за киксот по негова вина поведе Арсенал.

Конечниот резултат го постави најновото засилување на Ливерпул, Диого Жота кој уште на деби настапот во црвениот дрес во 88. минута успеа да се запише во листата на стрелци.

Прочитајте и...  Лампард објасни зашто го пријави пензионерот Чех за Премиер лигата

Поврзани вести

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Модриќ: Не го потценивме Шахтјор, одигравме добро, но не беше доволно!

Слободен печат

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Слободен печат

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Остави Коментар