Ливерпул ја најде замената за Ван Дајк во Борусија Дортмунд?!
Фудбалскиот клуб Ливерпул има нова желба за летниот преоден рок, тоа е дефанзивецот – Нико Шлотербек од редовите на Борусија Дортмунд. Оваа вест ја пренесе доверливиот уредник на германскиот весник „Билд“, Кристијан Фалк, кој тврди дека Ливерпул го гледа 25-годишниот Германец како идеален наследник на Вирџил ван Дајк.
Препорачано
Холанѓанецот сѐ уште нема потпишано нов договор, но сите во Ливерпул се надеваат дека ќе го направи тоа, сепак тој налето ќе наполни 34 години и јасно е дека влегува во завршницата на кариерата.
Шлотербек има 25 години, а особено импресионираше минатата сезона кога како предводник на одбраната ја предводеше Борусија до финалето во Лигата на шампионите.
Тој има договор до летото 2027 година, заработува по пет милиони евра по сезона, што не е проблем за Ливерпул. Напротив, „Црвените“ се подготвени да понудат уште посилен, повеќегодишен договор.
Инаку, Шлотербек никогаш не играл надвор од Германија, започна во Штутгарт Кикерс, потоа играше во младинските тимови на Карлсруе, Фрајбург, Унион Берлин, а член на Борусија е од летото 2022 година. За најдобрата германската репрезентација одигра 18 натпревари.


