Липи повторно седна на селекторското столче во Кина

EPA-EFE/ALI HAIDER

Марчело Липи ја напушти селекторската функција по елиминацијата во четвртфиналето на Азискиот куп на почетокот од годината. Кина беше поразена од селекцијата на Иран, и Липи одлучи да си замине од селекторската позиција.

На негово место дојде Фабио Канаваро кои истовремено е тренер и на шампионот Гвангжу Евергранде. Сепак, Канаваро се повлече од позицијата за да може Липи повторно да седне не клупата на Кина, пред стартот на квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар.

Фудбалската федерација на Кина посакува репрезентацијата да обезбеди пласман на Мундијалот, што би било прво учество по 2002 година и поради тоа го врати 71-годишниот Липи на селекторската позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот