Лингард тренира во Саудиска Арабија во клуб кој го тренира Стивен Џерард

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Откако летово му истече договорот со Нотингем форест, фудбалерот Џеси Лингард е слободен агент. Во повеќето лиги заврши преодниот рок, а Англичанецот и натаму нема клуб.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, Лингард почна да тренира со Ал Етифак, клуб од Саудиска Арабија со кој раководи легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Лингард може да тренира со клубот еден месец, а потоа тој и клубот мора да одлучат дали ќе потпишат договор.

Според најголемиот стручњак за трансфери Романо, Џерард исто така ќе има важна улога во одлучувањето дали поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед ќе потпише за клубот што го тренира.

Ова би бил четврти клуб за Лингард во кариерата. Претходно 30-годишниот играч во кариерата беше дел од Манчестер јунајтед, Вест Хем (на позајмица) и Нотингем форест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот