Убиство кај Мавровка/ Фото: Слободен печат, Методи Здравев

Ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга?

Лицето кое утрово беше застрелано пред трговскиот центар „Мавровка“ било адвокат.

Како што пренесуваат дел од медиумите, пред да биде извршено убиството, сторителот го отворил багажникот на автомобилот на жртвата, марка „пежо“, сопственост на приватна фирма, од таму извадил пакет, а потоа пукал кон човекот. Неофицијално убиството се случило пред очите на неговата сопруга.

Во населбата Гази Баба било пронајдено возилото на напаѓачите.

Од МВР, два часа по несреќата нема никаква информација за настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот