Лијам Пејн ќе биде погребан следната недела: Телото наскоро пристигнува во Британија

Лијам Пејн / Фото: Profimedia

Погребот на Лијам Пејн наводно треба да се одржи следната недела, а телото на поранешната ѕвезда од „One Direction“ ќе биде пренесено назад во Велика Британија во следните 48 часа, пишува „Сан“.

Се очекува неговото тело да се врати во Британија во рок од 48 часа, а целата документација е завршена, пишува аргентинскиот дневен весник „La Nacion“.

Лијам Пејн почина откако падна од балконот на третиот кат во хотел во Буенос Аирес минатиот месец.

Обдукцијата на телото по неговата смрт утврдила дека причина за смртта на 31-годишникот биле 25-те повреди здобиени при неговиот пад.

Најдоцна до среда телото на Лијам треба да биде во Велика Британија, а погребот да се изврши во катедралата Св. Павле во Вулверхемптон, пренесува „Сан“ (The Sun).

Телото на Лијам беше привремено сместено на британските гробишта во Буенос Аирес два дена по неговата смрт, додека локалните власти спроведоа истрага за околностите на неговиот пад. Овие гробишта биле основани од страна на британската заедница во Аргентина во 19 век за да обезбеди погребно место за нивните членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот