Лига на нации: Влаховиќ и Митровиќ ја однесоа Србија во дивизијата А

фото: EPA-EFE/Fredrik Varfjell

Селекцијата на Србија за 72 часа оствари две победи над скандинавските репрезентации и си обезбеди пласман во дивизијата А во следното издание од Лигата на нации.

По победата од 4:1 над Шведска во Белград, Србија вечерва во Осло во директен дуел за првото место во групата 4 ја 2:0 ја совлада Норвешка.

За Србија само победа беше во игра вечерва и тоа го остварија иако малку фалеше уште во првата минута да имаат негатива откако во одлична шанса на најде Ерлинг Халанд, но неговиот шут го одбрани Вања Милинковиќ-Савиќ.

Србите потоа полека го наметнаа својот ритам и првата шанса ја имаа преку Душан Влаховиќ, не неговиот шут беше запрен од голманот Ниланд. Сепак, во 42 минута, напаѓачот на Јувентус по асистенцијата на Филип Костиќ го матира голманот на Норвешка за 0:1.

Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ дилемите околу победникот ги решија во 54 минута со голот на Александар Митровиќ кој го постигна 50 погодок за Србија.

Интересно е што Митровиќ до бројката од 50 гола за својата репрезентација дојде во 76 натпревари, додека на Лионел Меси му требаа 107, а на Кристијано Роналдо 114 натпревари.

Во директната пресметка за третото место, Словенија во Солна одигра 1:1 и ја испрати Шведска во дицизијата Ц.

Пласман во елитната дивизија обезбеди и Шкотска која го освои првото мество во групата 1. Тие во одлучувачкиот натпревар одиграа 0:0 против Украина во Краков и ја сочуваа предноста од еден бод пред Украинците.

Во дивизијата Ц покрај Романија, Шведска и Русија се сели и Ерменија која загуби со 3:2 на гостувањето во Ирска.

Резултати:
Дивизија Б
Група 1
Украина – Шкотска 0:0
Република Ирска – Ерменија 3:2
Табела: Шкотска 13, Украина 11, Р. Ирска 7, Ерменија 3.

Група 2
Албанија – Исланд 1:1
Табела: Израел 8, Исланд 4, Албанија 2, Русија 0.

Група 4
Норвешка – Србија 0:2
Шведска – Словенија 1:1
Табела: Србија 13, Норвешка 10, Словенија 6, Шведска 4.

Дивизија Ц
Група 2
Грција – Северна Ирска 3:1
Косово – Кипар 5:1
Табела: Грција 15, Косово 9, Северна Ирска 5, Кипар 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот