„Лидл“ ќе ја намали понудата на производи од животинско потекло

Архива СП

Лидл има нова стратегија за промена на гамата на производи. Во иднина процентот на производи од животинско потекло ќе се намалува, пишуваат германските медиуми. Се забележува дека сè повеќе вегетаријански и вегански производи има на полиците на супермаркетите и продавниците со попуст во Германија. Понудата на храна без месо или други животински производи сега е голема.

Се нудат различни алтернативи за млечни производи, како и за месо, пишува Феникс-магазин, пренесува Н1 Инфо. И дисконтот Лидл сега сака да ја промени својата понуда – и најавува намалување на уделот на производи со животински протеини во својата понуда. Како што велат од Лидл, ова е чекор „без алтернатива“. На овој начин Лидл сака да направи нешто добро за планетата, пренесуваат германските медиуми.

Тие планираат да го намалат асортиманот на производи од животинско потекло во нивните продавници, а да бидат пример за помладите генерации. Уделот на растителни протеини во асортиманот на дисконтерите сега „постојано ќе се зголемува“. Сепак, клиентите не сакаат нивната исхрана да биде диктирана, туку треба да бидат мотивирани, пишува списанието Феникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот