Лидија Кочовска: „Сакав да станам мајка и земав терапија, но тоа не се случи“
Лидија Кочовска се отвори за тешкиот период кога се обидувала да стане мајка, но, како што вели, тоа не се случило.
Препорачано
На инстаграм-профилот на еден од нашите најдобри женски вокали е објавено видео во кое Лидија искрено зборува за предрасудите кај нашиот народ.
„Ние сме си познати како сеирџиски народ. И имало муабети од типот: ‘Аман, зошто сега се здебелила толку, што е сега проблемот?’ Не ти е баш драго кога некој така ќе ти пристапи. Еве, во периодот кога јас земав терапија, примав конкретно кога сакав да се реализирам како мајка. Тоа не се случи, за жал, така требало да биде. Имаше еден извесен период кога јас од тие хормони доста се здебелив, се подув. И тоа влијаеше многу на мојата килажа“, откри Лидија Кочовска.
Пејачката потоа се наврати на една случка со неумесен коментар на нејзина сосетка, која ја повредил, но Кочовска вели дека жената немала лоша намера.
„Имаше две женички, наши сосетки… јас точно знам кој добронамерно мисли кога ќе ми се обрати, кога ќе ми каже нешто. Едната од нив ми се обрати: ‘Аман бе дете, дај види колку се поправи. Дај место кученце, земи роди си едно дете и ќе се доведеш до убава линија.’ Јас ја погледнав, знам дека е тоа добронамерно кажано, но мене многу ме здоболе. Јас сум направила сѐ што сум можела“, рече Кочовска.
По коментарот, сосетката добила критика од нејзината сестра.
„Стоеше позади неа и рече: ‘Како не ти е срам тоа да го кажеш? Прво прашај која е причината што некој не забременил, не се реализирал како родител. Зошто е некој дебел, зошто е некој слаб?’ Значи, сепак тоа допира до нас. Не може да не допре“, откри пејачката.
Во претходно видео, таа раскажа дека добива на тежина поради стресот и дека има сериозни проблеми со видот на едното око.


