Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и емирот Шеик Мохамед бин Зајед/ Колаж на СП/ ЕПА

Лидерите на Саудиска Арабија и ОАЕ одбиле да преговараат со Бајден, но разговарале со Путин и Зеленски

Лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и емирот Шеик Мохамед бин Зајед, одбија телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден околу цената на нафтата како мерка против Русија, пишува Волстрит Журнал.

Белата куќа неуспешно се обиде да закаже разговори меѓу Бајден и лидерите на Саудиска Арабија и ОАЕ додека САД работеа на градење меѓународна поддршка за Украина и запирање на растот на цената на нафтата, изјавија американски официјални лица за Блискиот Исток.

Според тие извори, Белата куќа се обидела да организира одвоени телефонски разговори меѓу Бајден и Салман и Зајед. Сепак, тие одбија да разговараат со Бајден.

Во исто време, Салман и Зајед разговараа телефонски минатата недела со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Не ви оди баш од рака“

Ова е уште еден доказ „дека работите не одат мазно“, како што очекуваа во Вашингтон кога станува збор за изолацијата и санкциите врз Русија.

Јасно е дека нејзините сојузници во Европа, но и во Азија (Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Сингапур) се за американската политика, што беше очекувано, но остатокот од светот не е претерано наклонет кон тоа.

Земјите како Кина, Индија и Пакистан одбиваат да застанат на страната на санкциите, а тоа сега го потврди и најголемата муслиманска земја во светот, Индонезија. Клучните земји од Латинска Америка, вклучувајќи го и големиот сосед на Америка, Мексико, одбиваат да го сторат истото.

Дополнително, на Запад се гледаат првите „пукнатини“ на силен сојуз против Русија, Турција не сака да воведува антируски санкции, а тука е и одлуката на ЕУ да не воведе ембарго за увоз на руска енергија, за разлика од Соединетите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот