Лице на Балканот: Три Македонки се враќаат со три титули од Србија! (ФОТО)

Фото: Приватна архива

Викендов што измина во српската престлонина се одржа избор за убавина во „Хармонија Евент Центарот“ со учество на 20 девојки од Балканот, а се разбира, меѓу нив и убави Македонки.

Три манекенки од модното студио „Црнокрак“ во Скопје се враќаат со три титули.

Фото: Приватна архива

Убавата тетовка Кристина Димитријевска е избрана за Прво лице на Балканот 2020 година, потоа Ивана Маневска е Најшармамтното лице на Балканот 2020 година, и Михаела Тошинова е најфотогенично лице на Балканот 2020 година.

Фото: Приватна архива

Во склоп на програмата се одржа и модна ревија на познатиот белградски моден креатор Саша Милојковиќ, чии модели освен професионални манекенки носеа и учесничките на изборот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот