Либија станува арена на судир на регионалните и глобалните воени сили

Командантот на Либиската национална армија (ЛНА) Халифа Хафтар, кој си замина од Москва без да го потпише договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ, изјави дека предложената ватијанта на документот игнорира голем број од барањата на ЛНА.

Командантот на Либиската народна армија Халифа Хафтар ги напуштил преговорите за мировен договор помеѓу завојуваните страни во Либија кои се одржувале во Москва, вели новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободен печат“.

Хафтар ги напуштил преговорите без потпишување на договор, министерот Сергеј Лавров рекол дека меѓународно признатата влада на Западот на премиерот Фајез ел Сараџ потпишала договор.

Синоќа било објавено дека Хафтар побарал „повеќе време за размислување“.

Тој изјавил дека предложената варијанта на документот игнорира голем број од барањата на ЛНА.

Хафтар повика и за меѓународен мониторинг на примирјето без никакво учество на Турција и безусловно повлекување на „платениците, донесени од Сирија и од Турција”.

Во меѓувреме започнале вооружени конфликти јужно од Триполи, а во соопштението објавено на локалната телевизија, војската на Хафтар прогласила дека се спремни и определени за победа.

Преговорите на завојуваните страни во Либија се одржани со посредство на Русија и Турција. Тие две земји ги повикаа страните да ја завршат војната и отворат пат за пронаоѓање на решение со кое ќе се стабилизира ситуацијата во Либија. Иницијативата за овие преговори беше предложена викендов од германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин.

Либија веќе девет месеци е распната меѓу две страни. На истокот се наоѓа Либиската национална армија, предводена од генералот Хафтар – кого го подржуваат Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати, додека на западот е меѓународно признатата влада на премиерот Фајез Ел Сараџ со седиште во Триполи, кого воено го поддржува Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот