„Либеро Бенд“ снимија нова песна, во спотот еден куп згодни девојки! (ВИДЕО)

Во ова време – невреме, ретки се изведувачите кои работат, снимаат и вложуваат во својата кариера. Едни од ретките се момците од „Либеро бенд“ кои периодов беа затворени во студио и неуморно работеа.

Пред само еден месец објавија преработки на познати хитови од Балканот и привлекоа големо внимание во јавноста, не само во Македонија, туку и во регионот. И, не застанаа тука, се стремеа кон нешто повеќе, нешто кое ќе биде уникатно и нешто кое ќе остави белег на македонската музичка сцена.

Фото: Промо

Без никакви ограничувања во правецот кој го третираат, тие одлучија да направат нешто ново, нешто што ќе биде голем летен хит.

„Дел по дел“ е нивното најново музичко остварување, а за истото тие снимија и видео запис. Видео записот беше снимен во еден познат скопски ресторан.

Во продолжение слушнете ја новата песна на „Либеро бенд“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот