Лиам Нисон двапати ја запросил Брук Шилдс, но таа го одбила поради само една причина!

профимедиа

Холивудскиот актер Лиам Нисон има долг список на славни дами со кои бил во врска, како онаа со Хелен Мирен, Џулија Робертс, Барбра Стрејсенд и Шинед О’Конор, а малкумина се сеќаваат дека тој беше и со неговата колешка Брук Шилдс, која ја запроси дури двапати.

Како точно се сретнале Лиам Нисон и Брук Шилдс и каде не е познато, но бидејќи Холивуд не е толку голем, а исто така и дека Нисон имал репутација на голем заводник, не е изненадувачки што нивните патишта се споиле. Врската започнала кон крајот на 1991 година или почетокот на 1992 година, а Брук Шилдс се присетила на тој период во нејзините мемоари под наслов „Имаше мало девојче: Вистинската приказна за мајка ми и мене“, во која го опиша актерот како „висок ирски актер и пијаница кој бил 13 години постар од неа“.

Profimedia

„Тој ме освои со својата уметничка изведба, поезија и слаб избор за евтино пино грижио“, напишала 55-годишната Брук Шилдс во своите мемоари во 2014 година, признавајќи дека во тоа време била „пресреќна што била актерска sвезда“, но тоа било само една од ретките позитивни работи во врска со нивниот однос. Ѕвездата на филмот „Сина лагуна“ призна дека Нисон „копнеел за женското внимание“, па откако ја запросил без прстен, тој едноставно исчезнал.

По Божиќ, кој го поминале пиејќи огромни количини алкохол, Лиам Нисон отпатувал за Лос Анџелес откако наводно го преплавил станот.

Facebook

„Му реков да ми се јави кога ќе пристигне, на што тој ми рече дека ќе биде доцна“, напишала таа во мемоарите на Брук Шилдс, додавајќи дека од тогаш не чула од него.

„Во еден момент тој беше таму, а во друг веќе го немаше. Бев во шок, не можев да поверувам“, рекла таа тогаш, но исто така додала дека по некое време повторно се сретнала со него и дека тој повторно ја запросил.

Instagram

 

„Тој се врати по тоа заминување и повторно ме запроси. Тоа беше пред тој да започне да глуми во претставата „Ана Кристи“ и јас го одбив затоа што знаев дека тој најверојатно ќе се заљуби во новата главна актерка и ќе се ожени со неа, па затоа и решив да ‘прескокнам’ сè. Бев во право“, рекла Брук Шилдс, алудирајќи на фактот дека претставата била прикажана во 1993 година каде Нисон глумел со Наташа Ричардсон, за која на крајот се омажи и од чија смрт, по тешката несреќа, никогаш не се опорави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот