Летна школа за архитектура: Суштинскиот карактер на архитектурата е да зближува

Поради пандемијата на ковид-19, 29. сесија на Летната школа за архитектура на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, годинава ќе заземе алтернативен формат. Темата е „Омаж на заедништвото“, а активностите почнаа на 16 јули со отворање на меѓународен студентски конкурс.

Досега, школата се одржуваше во прекрасниот предел на Лазарополе, а идните архитекти сега ќе имаат задача да проектираат мала архитектура, која поттикнува заедништво во центарот на Лазарополе. Периодот на регистрација на учесниците е до 27 јули, а конкурсот завршува на 17 август.

– Темата „Омаж на заедништвото“ има за цел, обратно од преовладувачкиот тренд на размислувања за новиот „визуелен пејзаж на ковид-19“ базиран на социјалното дистанцирање, да нè потсети (со педагошка одговорност) дека суштинскиот карактер на архитектурата е да зближува, да поврзува, да поттикнува заедништво. Затоа, темата повикува да се сеќаваме, да ги истражуваме, да ги преобмислуваме и славиме просторните обрасци на заедништвото низ повеќе активности.

Во рамки на студентскиот конкурс, преносот на идејата за заедништво во архитектонска конкретност е специфичен процес, бидејќи поимот „заедништво“ е универзален како вредност, но е многу интимен како чувство. Студентите се поттикнуваат да го пронајдат, да го препознаат и да работат со тоа лично чувство за заедништво.

Сепак, 29. Летна школа за архитектура ќе им овозможи серија едукативни активности, кои ќе го подржат тој процес на саморефлексија со продлабочување на нивните знаења околу различните начини на коишто архитектите успеале да ја опросторат личната идеја за заедништво – велат од Архитектонскиот факултет.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 40, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-19 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот