Фото: Danson67/Flickr

Рецепт за летна салата од компири со туна и чери домати

Една од омилените македонски салати е и салатата со компири, а можете да ја јадете како прилог, но и како посебен оброк. Најдобро оди со риба, а денеска ви предлагаме да направите салата од компири со туна и чери домати. Брзо се подготвува, заситува, а не се скапи ниту состојките.

Состојки:

– 300 грама компири
– 1 виолетова главица кромид
– 1 лимон
– 60 грама маслинки
– 200 грама чери домати
– 160 грама туна
– маслиново масло
– босилек

Подготовка:

Компирите сварете ги со целата лушпа, па кога ќе се изладат, излупете ги и исцедете ги. Ставете ги во сад за салата и додадете ја процедената туна, маслинките, чери доматите исечени на половина и виолетовиот кромид исечен на ребренца.

Потоа прелијте ги со маслиново масло и сокот од лимон и измешајте.

По потреба зачинете и украсете со свеж босилек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот