Лестер го има најбрзиот фудбалер во Премиер лигата

фото: твитер

Одиграни се 17 кола од најсилното натпреварување во Англија, делува дека Ливерпул незапирливо оди кон првата титулата од формирањето на ваквиот формат на натпреварување.

„Редси“ моментно се на Светското првенство во Доха, наредното коло ќе го прескокнат, но после тоа ќе имаат големо дерби со Лестер.

Токму од редовите на „лисиците“ доаѓа и најбрзиот играч во Премиер лигата досега оваа сезона. Станува збор за 23-годишниот турски интернационалец кој игра во одбраната, Чаглар Сојунџу.

Овој дефанзивец забележа во еден момент брзина од 37.49 километри на час.

Зад него на оваа листа е Шејн Лонг од Саутемптон. (37.33 км/ч), а тука се и играчите на Сити, Фоден и Вокер со нешто помалку од 37 километри, колку што има и Енглес од Астон Вила.

Топ 6 го комплетира фудбалерот на Њукасл, Алан Сент-Максимин од 36.69 км. Стив Брус изјави дека неговата брзина е една од причините за неговата повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот