Леонардо Дикаприо му оддаде почит на Роберт Редфорд: Тој беше страствен еколог, активист и застапник на уметноста
Леонардо Дикаприо му оддаде почит на својот колега Роберт Редфорд, кој почина вчера на 89-годишна возраст.
Препорачано
За време на својот живот, Редфорд ја основал невладината организација „Институт Санденс“, а преку своите активности бил посветен на еколошките цели.
Во објава на Инстаграм, Дикаприо напиша: „Тој беше одличен актер, активист, страствен еколог и поборник на уметноста. Неговата посветеност на заштитата на нашата планета и поттикнувањето промени се совпаѓаше со неговиот огромен талент. Неговото влијание ќе остане за сите идни генерации.“
View this post on Instagram
Дикаприо зборуваше за Редфорд и на премиерата на филмот „Една битка по друга“.
„Тој беше лојален еколошки лидер и член на Советот за одбрана на природните ресурси како мене, и се бореше за правата на луѓето. Денес изгубивме голема легенда“, рече тој.
Редфорд и неговата сопруга Сибил Сагарс ја споделија борбата за заштита на животната средина преку своите постапки, пишува „Пипл“.
Покрај тоа, во 2005 година, Редфорд и неговиот син Џејмс го основаа „Центарот Редфорд“, невладина организација фокусирана на продукција на филмови и обезбедување поддршка на автори кои режираат филмови за климатските промени и животната средина.


