Ленче Ристоска: Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание

Фото: Телма / принтскрин

Советот на јавни обвинители од формирањето во 2008 досега потфрли во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите, вели обвинителката Ленче Ристоска. Таа предлага Советот да се реформира и да се разгледа опцијата тој да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба, пренесе „Телма“.

„Сѐ додека членови на Советот на кандидатите што апицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека советот е извор на тргување со влијание во обвинителството, и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна изборот што Советот го прави креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, рече Ристовска на конференција посветена за улогата на Судскиот и Советот на јавни обвинители во стекнувањето независност и интегритет во судството, организирана од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија.

Обвинителка потсети дека повеќепати се случувало изборите на обвинители да бидат одложувани без конкретно образложение, поради што создава впечаток во јавноста дека изборот не е слободен. Како пример го посочи и огласот за двајца обвинители во Вишото обвинителство, за кој вели повеќе од седум месеци не се одлучува.

„Во куалоарите кружи причина како бизарна комбинација на тргување со влијание и непотизам, но не сакам да шпекулирам“, вели Ристоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот