Ленче Николовска веќе не го советува Заев за земјоделските политики

Советничката на премиерот Зоран Заев, за земјоделски политики, Ленче Николовска, си поднела оставка. Ваквата информација ја потврдуваат од Владата.

Нејзиниот ангажман завршил на 1 ноември. Сепак, Николовска ќе биде инволвирана во владини земјоделски проекти.

– Николовска на нејзино барање, донесе одлука да го заврши ангажманот како советничка и да им се посвети на земјоделците во друга форма. Таа ќе биде вклучена во земјоделски проекти надвор од Владата и на тој начин ќе им помага на земјоделците и агробизнисмените и државата – информираат од Владата.

Од Генералниот секретаријат во истиот период има само едно спогодбено преземање и тоа од ГС во друга институција, додаваат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот