Ленард за радост на Клиперси во божиќното ЛА дерби! (ВИДЕО)

фото: твитер

Екипата на Лос Анџелес Клиперс во НБА дербито беше подобра од градскиот ривал Лос Анџелес Лејкерс со конечен резултат 111:106. Клиперси успеаја да направат комплетен пресврт во текот на второто полувреме, откако првото го добија Лејкерси со 63:51.

Најефикасен во победничките редови беше Кавај Ленард со реализирани 35 поени, запиша уште 12 скокови и пет асистенции. А на спротивната страна во дресот на „езерџиите“ се истакнаа Кајл Кузма со 25 и Ентони Дејвис со 24 поени.

Во останатите две средби, Денвер загуби дома од Њу Орлеанс Пеликанс (100:112), а Голден Стејт Вориорс со 116:104 славеше над Хјустон Рокетс.

Гостите од Луизијана беа предводени од Брендон Инграм со 31 поен и седум скокови, а за Нагетси доминираше српскиот центар Никола Јокиќ кој забележа „дабл-дабл“ учинок (23 поени, 10 скокови, четири асистенции).

И покрај поразот ЛА Лејкерс останува првопласиран на Западот со учинок од 24 победи и седум порази, додека во Источната конференција води составот на Милвоки Бакс (27-5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот