Лекција од историјата: Пример за државите да не брзаат со попуштање на мерките воведени поради коронавирусот

archives.gov

Излегувањето од карантин и прераното попуштање на мерките може да доведе до разорен втор бран, а тоа го докажува и пример од американската историја.

Сан Франциско направил таква грешка во борбата против Шпанскиот грип во 1948-1949 година, кога дошло до пораст на вирусот откако градот ја укинал забраната за јавни собирања после само еден месец, пренесува Дејли мејл.

archives.gov

Градот го погодила шпанската грозница во септември 1918 година, кога војниците се вратиле дома по Првата светска војна. Кога властите виделе што се случува, ги затвориле сите јавни места на 18 октомври.

Profimedia

А потоа, на 21 октомври наредиле сите да носат маски во јавност и забраниле јавни собирања. Оној кој бил фатен без маска, плаќал казна или завршувал во затвор.

До почетокот на ноември градот имал повеќе од 20.000 случаи на шпанска грозница, а околу 1.000 луѓе умреле.

Охрабрени со доказите дека ширењето на вирусот се забавило, градските власти одлучиле да ја укинат забраната за собирање и јавни настани на 21 ноември, а на луѓето им рекле дека носењето маски веќе не е задолжително.

archives.gov

Следеле прослави по улиците, а луѓето побрзале во театрите и на стадионите.

Меѓутоа грипот се вратил три недели подоцна и довел до подолга епидемија отколку што била првата. Вториот бран довел до поголем број умрени и заболени отколку што имало во првиот налет.

После 1 јануари 1919 година дневно биле дијагностицирани околу 600 нови случаи. Во јануари повторно е воведено задолжително носење маски во јавност.

Profimedia

Во Сан Франциско имало повеќе од 45.000 заболени и повеќе од 3.000 починати.

И сега, откако бројот на заболени и починати од коронавирусот почна да опаѓа, бројни држави решија полека да се враќаат во нормала, додека Светската здравствена организација предупредува да не се брза со укинување на мерките.

Profimedia

Лекции од 18. век: Како Австриската империја се борела со епидемијата пред развојот на модерната медицина? (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот