Ивермектин

Лекарска комора ги посоветува матичните да препишуваат „ивермектин“ со препишан текст од сајтот Емитер

Правниот сектор на Лекарската комора на Македонија вчера од официјалниот мејл испратил препорака до матичните лекари да го препишуваат лекот „ивермектин“ со текст кој е идентичен со оној од сајтот Емитер, чијшто автор е Марјан Божиновски, доктор на технички науки.

Меѓутоа, препораката, наместо од Божиновски, е потпишана од „стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-19 центрите на интернистичкиот блок”.

„Каква срамота е ова. Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара. Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски кој нема никаква врска со наведениот колегиум и истиот е објавен во списанието Емитер во август годинава”, напиша матичниот лекар Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.

Прашавме во Лекарската комора за што станува збор, дали им е хакиран мејлот, но одговор не добивме.

– Мене воопшто не ми е важно тоа. Најважно ми е што побрзо лекарите да го препишуваат лекот и да се спасуваат луѓе, ни изјави Божиновски.

Божиновски докторирал во 2004 година во Данска во рамките на Институтот за електронски системи. Универзитетот на кој докторирал, според Шангајската листа, е на второ место во Европа, а на 14 место во светот во областа на електрично и електронско инженерство.

Матичните лекари добија насоки, рецепти за „ивермектин“ може да се издаваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот