ЛЕКАРИТЕ ВО ЗАГРЕБ НАПРАВИЈА ЧУДО: На девојка ѝ ја сошија ногата после несреќа и таа пак оди

фото: Дневник.хр

Докторите и медицинските сестри во Загреб направиле голем и чудесен зафат на пациентката Мартина Дир, спасувајќи и ја ногата во неверојатни услови.

Оваа млада медицинска сестра претрпела тешки повреди во автомобилска несреќа при што дел од бедрената коска целосно излегла од ногата.

Лекарите биле решени да ја спасат ногата, со што коската 10 дена ја чувале во банка на ткиво, ја деконтаминирале, а во комплексна операција во траење од 11 часа и ја вратиле на место.

Операција што ја нема во медицинската литература

Мартина денес е добро. Ги мрда прстите, почнала и да оди, а ќе биде надгледувана во наредните шест месеци. Оперцијата кои ја направиле хрватските лекари не постои во медицинската литература.

– Само во еден момент се разбудив после несреќата и видов како ми искочи коската. И повторно паднав во шок. Знаев дека е голема повредна, но не до толку. Ни сега не сум свесна колку била таа сериозна повреда – рекла пациентката Мартина Дир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот