Фото: Профимедиа

Лекарите во Италија во тешка ситуација: Во зависност од возраста и здравствената состојба, прават избор кого ќе спасат

Лекарите во Италија се соочуваат со сериозни проблеми поради размерот на епидемијата на коронавирусот, а анестезиолоот Кристијан Салароли од Бергамо во интервју за „Кориере дела сера“ откри за граѓаните што се случува во болницата „Папата Јован“ кадешто работи.

Тој посочува дека ситуацијата е како во војна, а градот Бергамо во Северна Италија е едно од главните жаришта на епидемијата на коронавирусот во земјата, додека болницата се соочува со исцрпени капацитети.

– Во ситуација сме да мораме да правиме избор, во зависност од возраста и здравствената состојба на пациентите. Исто како во воени ситуации – посочува Салароли.

Лекарот посочува оти не сака да создава паника кај жителите и уапатува апел до сите граѓани да останат дома.

– Неуморно повторувам до сите да останат дома. Најдобар одговор на вирусот е граѓаните да не се движат премногу и во поглеми групи на луѓе – посочува Салароли.

Луѓето во Италија живеат во карантин. / РИМ, март 2020 /Фото: EPA-EFE/Massimo Percossi

Уште еден лекар од градот Бергамо на Фејсбук ги објасни проблмите со кои се соочува медицинскиот персонал во Италија. Станува збор за хирургот Даниел Манчини, кој се обиде да пренесе до жителите што се случува во Италија, особено упатувајќи порака до ние кои не водат грижа во однос на препораките.

– Битките се водат без прекин и дење и ноќе. Многу луѓе постојано доаѓаат да бараат помош. Одделите кои се испразнија, повторно брзо се полнат. Наместо хирушки операции, дијагнозата сега секогаш е иста – коронавирус – вели Манчини.

Тој упати порака до сите граѓани да бидат трпеливи, да не излегуваат од дома, а со тоа да бидат и емпатични кон повозрасните.

– Обидете се да бидете емпатични кон бројните повозрасни луѓе кои можете да ги убиете. Знам дека не сте вие виновни, но ве молам, послушајте нè и напуштајте ги своите домови само во итни случаи – вели тој.

Објавата на хирургот е споделувана илјадници пати на Фејсбук, а голем број на Италијанци му се заблагодарија на советите.

Италија во моментов е во целосен карантин поради коронавирусот, а на граѓаните им е дозволено да се движат само поради здравствени или професионални потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот