Фото: илустрација / профимедија

Лекар упаднал во сала среде операција, нападнал колега и се обидел да го однесе апаратот за анестезија

65-годишен лекар, вработен во штипската болница, ќе одговара за напад врз здравствен работник, откако упаднал во операциона сала во Клиничката болница во градот додека бил во тек оперативен зафат врз пациент и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што и нападнал еден од неговите колеги кои оперирале, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“. На 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата“, пишува во полициското соопштение.

Доколку биде осуден за делото кое му се става на товар, лекарот-насилник може да добие од парична казна до три години затвор.

Лекарската комора повикува да се спречи насилството врз здравствените работници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот