Лекар од итна помош откри: Ова се најефикасните начини да го победите мамурлакот

мамурлак по новогодишната ноќ
Фото: Профимедиа

Мамурлакот е честа појава за повеќето луѓе по новогодишната ноќ. Токсичните ефекти на алкохолот врз организмот се ужасни – главоболки, гадење, сува уста и замор се само дел од симптомите кои ги чувствувате.

Она што сакате и што ви треба е да се чувствувате „нормално“ што е можно поскоро. А, што најдобро помага со овој проблем, открил лекарот од итната помош Томас Вотерс.

Да почнеме со фактот дека алкохолот е диуретик, што во основа значи дека го стимулира производството на урина. Сосема е логично да имате потреба за често мокрење, а со тоа се поставува и погоден терен за дехидратација.

Вода

Алкохолот е диуретик кој ги исфрла течностите од телото. Кога не преостанува ништо друго, телото почнува да ја црпи водата од единствениот преостанат извор, мозокот, и поради тоа настануваат главоболки. Внесувањето вода пред спиење може да ги спречи утринските главоболки, но еднакво важно е пиењето вода и следното утро.

Кога станува збор за најдоброто нешто што можете да го направите за мамурлак, тоа е навистина многу едноставно: испијте чаша вода пред спиење. Направете го истото веднаш штом ќе станете.

Дехидрацијата е основата на болката и непријатноста што ги чувствувате од мамурлакот, затоа фокусирајте се на замена на изгубените течности, советува д-р Вотерс.

Сепак, не претерувајте. Пребрзото пиење премногу вода може да доведе до оток на мозокот, сериозна и потенцијално фатална ситуација.

Спортски пијалаци и кокосова вода

Спортските пијалаци исто така можат да ви помогнат да се хидрирате брзо додека ги надополнувате хранливите материи и електролитите на вашето тело. Внесувањето спортски пијалаци во организмот ги враќа потребните електролити што се изгубени поради преголемата консумација на алкохол. Кокосовата вода има дури 5 електролити кои се пронајдени во крвта на човекот, а спортската вода најчесто има само два.

Ѓумбир или чај од нане

За смирување на желудочните тегоби и нагонот за повраќање најдобар е чајот од нане. Ефективен против мачнини е и чајот од ѓумбир.

Банана

Бананата е богата со калиум и со магнезиум, најзначајните електроилити што се губат при внесување на алкохол. Недостатокот на калиум доведува до умор, грчеви и мачнини.

Мрсна храна

Јадењето храна со висок процент на маснотии може да го намали ризикот од мамурлак.

Јадењето храна по ноќно обилно пиење е клучно за зголемување на нивото на шеќер во крвта, вели д-р Вотерс. Но, „полнење“ на стомакот кој веќе е под стрес со масна, тешка храна не е најдобрата опција. Наместо тоа, фокусирајте се на храна која ќе ве освежи и ќе помогне да го хидрирате вашиот организам.

Тост или печиво може да го кренат нивото на шеќер во крвта додека благо дејствуваат на стомакот. Јајцата се исто така добра опција. Тие содржат аминокиселина која ги неутрализира токсичните ефекти на алкохолот. Освен тоа, тие се полни со хранливи материи кои му помагаат на телото да се опорави.

Кафе

По ноќта со премногу пиење, секој посегнува по филџан силно, црно кафе наутро, а тоа всушност е многу погрешно. Овој пијалак може дури и да ги влоши симптомите на мамурлакот, предупредува д-р Вотерс.

Бидејќи кафето е и диуретик, може да го забави процесот на рехидратација. А начинот на кој кофеинот ги стеснува крвните садови и го зголемува крвниот притисок ќе влијае главата да ве боли уште повеќе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот