Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Легенда го советува Тер Штеген: Ако сакаш да браниш на Светското првенство, замини си од Барселона

Иднината на германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген во последно време е тема на медиумите, а како што пренесуваат бројни извори, во новата сезона тој би бил дури трет избор на Флик, ако остане во клубот.

Поради тоа, легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус го советува да ја промени средината.

„Ако сака да игра на Светското првенство, мора да замине. Во Барселона повеќе нема да брани. Мора да прифати дека клубот има други планови и тоа е нормално“, изјави Матеусс.

Тер Штеген минатата сезона беше опериран по тешката повреда и помина осум месеци надвор од терените. Таа пауза, во комбинација со доаѓањето на Шчесни, доведе до ситуација тој да стане „вишок“, па останува да видиме до крајот на летото дали ќе се одлучи за промена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот