Фото: Промо

Легендарните „Крафтверк“ доаѓаат летово во Скопје

Легендарниот германски електронски состав „Крафтверк“ (Kraftwerk) ќе настапи за првпат во Скопје со голем опен ер (open air) концерт на 25 јули на Стадионот на АРМ, со почеток во 21 часот. Концертот е дел од нивната нова светска турнеја „Мултимедија тур 2026“ (Multimedia Tour 2026), со која бендот повторно ги спојува музиката, технологијата и визуелната уметност во единствено сценско искуство.

„Крафтверк“, добитници на Греми Lifetime Achievement Award и членови на Куќата на славните на рокенролот, се сметаат за еден од највлијателните бендови во историјата на модерната музика. Нивното влијание се чувствува далеку надвор од рамките на електронската сцена – од техно и синт-поп, до хип-хоп, рок и поп музиката.

Бендот кој засекогаш го промени начинот на кој ја разбираме електронската музика и перформансот во живо, го вклучи Скопје на мапата на својата нова турнеја, а како локација е избран Стадионот на АРМ – еден од најпрепознатливите летни концертни простори во градот.

Во време кога вештачката интелигенција и дигиталната технологија стануваат секојдневие, „Крафтверк“ повторно доаѓаат како бенд кој уште пред децении ги отвори прашањата за односот меѓу човекот и машината. Нивниот уметнички пристап одамна ги надминува границите на класичен бенд – „Крафтверк“ функционираат како целосен концепт, каде звукот, визуелниот идентитет, технологијата и идеологијата се дел од едно кохерентно дело.

Меѓу бројните уметници кои јавно го имаат истакнато влијанието на „Крафтверк“  се „Дафт панк“, Канје Вест, „Депеш мод“ и Дејвид Боуви, а музичките критичари често истакнуваат дека по Битлси, токму „Крафтверк“ се меѓу највлијателните имиња во историјата на популарната музика.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот