Легендарниот рок-бенд „Кис“ го продаде музичкиот каталог на шведска компанија

Фото: EPA-EFE/Torben Christensen DENMARK OUT

Шведската компанија „Попхаус“ го купи музичкиот каталог , брендот и имиџот на „Кис“, со што американскиот рок-бенд се приклучи на редот на неколку други истакнати уметници како Брус Спрингстин и Род Стјуарт кои ги продадоа правата на нивните каталози во последниве години, пишува „Форбс“.

Компанијата, ко-основана од поранешниот член на легендарната шведска поп-група „АББА“, Бјорн Улвеус, сега ќе ги поседува „музичкиот каталог, брендот и имиџот на групата, вклучувајќи ги препознатливиот дизајн на шминката на култната американска рок група и нивните заштитни знаци“, се вели во соопштението за јавноста.

Финансиските услови на договорот не беа откриени. Компанијата рече дека ќе соработува со бендот за да направи специјални дигитални аватари на бендот – што групата го откри на последниот ден од својата проштална турнеја во декември – велејќи дека тоа „ќе им овозможи на бендот и нивните уникатни личности да живеат вечно“. Првите емисии со помош на дигитални аватари треба да започнат во 2027 година.

Без да откијат детали, во соопштението се вели дека „Попхаус“ ќе ја искористи својата „креативна и раскажувачка експертиза“ за да создаде нова публика, прилив на приходи, содржина и искуства. Шведската компанија претходно помогна во дизајнирањето на изведбата „АББА Војаж“ во Лондон, во која дигитални аватари или „АББАтарс“ ги изведуваа хитовите на популарната шведска поп-група.

„Кис“ е најновиот во низата големи уметнички имиња кои ги продадоа правата на нивниот каталог и други интелектуални својства на инвестициски фирми. Во февруари, британската музичка ѕвезда Род Стјуарт ги продаде своите музички права на „Ајконик артист груп“ во договор вреден речиси 100 милиони долари. Компанијата поседува и музички средства поврзани со Шер.

Кети Пери продаде некои од правата за издавање музика и авторски права за мастер снимање за некој од нејзиниот заден каталог на „Литмус мјузик“ за пријавени 225 милиони долари минатата година. На почетокот на годината, Џастин Бибер ги продаде своите права од каталогот за над 200 милиони долари. Други како Брус Спрингстин, Боб Дилан и Дејвид Боуви ги продадоа своите каталози за неколку стотици милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот