Фабио/Fluminense

Легендарниот голман и светски рекордер ќе брани и до 47 години

Легендарниот бразилски голман Фабио и на 45 години не размислува за пензија. Искусниот чувар на мрежата го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година, со што дополнително ќе го зголеми светскиот рекорд по број на одиграни официјални натпревари.

Фабио минатото лето го надмина досегашниот рекорд на англиската икона Питер Шилтон и стана фудбалер со најмногу настапи во историјата на светскиот фудбал. Со новиот договор, тој ќе продолжи да брани и на 47-годишна возраст.

Во последните четири сезони, искусниот голман има импресивни 261 настап за Флуминенсе и беше еден од клучните фактори во најголемите успеси на клубот во поновата историја.

Круна на неговата богата кариера е освојувањето на Копа Либертадорес во 2023 година, а потоа следуваа и трофејот во Копа Рекопа во 2024 година, како и две последователни титули шампион на Кариока во 2022 и 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот