Еден Азар/Instagram

Легендарниот Еден Азар почна нов бизнис, ќе произведува и продава вино

Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, Еден Азар, по завршувањето на играчката кариера започна нов бизнис-предизвик и целосно се насочува кон винарството.

Како што пишува британскиот „Сан“, Азар ги здружил силите со сопственикот на италијанска винарија, Фабио Кордела, со кого ќе лансира сопствена линија вина. Белгиецот на пазарот ќе понуди и бело и црвено вино, произведено во Италија, а првите шишиња ќе бидат достапни веќе од следниот месец во Италија и Белгија.

Неговиот деловен партнер, 50-годишниот Кордела, исто така има богато искуство во фудбалот, бидејќи во минатото беше спортски директор во неколку клубови, меѓу кои и белгискиот Унион Сен Жилоа. Неговата компанија и во минатото соработувала со големи фудбалски имиња како Роналдињо и Џанлуиџи Буфон.

Кордела со ентузијазам ја најави соработката со Азар, истакнувајќи дека наскоро на пазарот ќе пристигне официјалното вино на белгиската фудбалска ѕвезда, создадено како спој на белгиски талент и врвна италијанска винска традиција, елегантно, интензивно и препознатливо.

Според него, станува збор за вино со карактер, произведено во регионот Саленто, кое го носи потписот на семејната компанија „Fabio Cordella Wines“ и е наменето за „шампиони со вкус на победа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот