Легендарниот директор на Црвена звезда, Владимир Цветковиќ заврши во болница поради воспаление на белите дробови

Владимир Цветковиќ е поранешен директор на ФК Црвена звезда и поранешен кошаркар на „црвено-белите“/принтскрин/јутјуб/КК Црвена звезда

Поранешниот директор на ФК Црвена звезда кога клубот стана европски фудбалски шампион, но и легендарен кошаркар на „црвено-белите“, Владимир Цветковиќ вчера заврши во Клиничкиот центар поради воспаление на белите дробови и тромбоемболија.

Легендарниот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда се наоѓа во добра здравствена состојба и повеќе не е сместен на интензивна нега во клиничкиот центар во Белград.

Исто така добра вест е што Цветковиќ е негативен на коронавирус и се очекува во најскоро време 80-годишниот поранешен директор на ФК Црвена звезда да биде пуштен на домашно лекување.

Владинир Цветковиќ е поранешен кошаркар на Црвена звезда и репрезентативец на СФР Југославија, но по завршувањето на играчката кариера се пресели на директорската позиција во фудбалскиот клуб на „црвено-белите“ и заедно со Драган Џајиќ во 1991 година стана европски шампиони. За многумина токму Џајиќ и Цветковиќ се најзаслужни за големииот успех бидејќи заедно го правеа тимот во кој клучна улога имаа и две македонски легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот