Фото: Chelsea FC

Легенда на Барселона е прв кандидат за наследник на Мареска во Челси

Енцо Мареска по итен состанок во Челси доби отказ, а клубот веднаш тргна во потрага по негов наследник.

Италијанецот беше во нарушени односи со раководството на клубот, па двете страни одлучија дека е најдобро да се разделат.

„Мирор“ објави листа на кандидати за кормилото на „сините“, а на прво место се наоѓа Чави, кој во моментов е слободен. На втората позиција е Лиам Росениор, кој остави впечаток со резултатите во Стразбур и се смета за сериозен кандидат за нов тренер на Челси.

Останатите тројца тренери од листата, Оливер Гласнер, Унај Емери и Сеск Фабрегас, според медиумите, имаат многу помали шанси да го преземат кормилото на лондонскиот клуб.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот